ЕкономијаМакедонијаСиндикат

Работниците од „Еурокомпозит“ се задоволни од Предлог – Законот

Работниците од „Еурокомпозит“ - Работник
276views

Работниците од прилепски „Еурокомпозит“ и синдикатот се задоволни што Владата го реши најважното прашање – донесе предлог-закон за претворање на побарувањата за пензиско осигурување во траен влог.

Владата по седницата од 30 јули соопшти дека го усвои и до Собранието го достави Предлог-законот за претворање на побарувањето на државата по основ на јавни давачки во траен влог во Друштвото за производство на производи со посебна намена „11 Октомври – Еурокомпозит АД“ Прилеп, со кој се исполнуваат барањата на поранешните и сегашните вработени на ова претпријатие во државна сопственост.

– Практично ќе бидат надоместени заостанатите долгови по однос на придонес за пензиско и инвалидско осигурување на вработените, со што се исправа повеќегодишната неправда кон вработените и ќе им биде евидентиран остварениот работен стаж во компанијата за да може соодветно сите сегашни и поранешни вработени да го остварат правото на пензија согласно минатиот труд, соопшти Владата.

Пеце Велјаноски од Одборот на прогласените за технолошки вишок вели дека голем товар им е симнат и конечно се најде решението.

– Конечно, по долги и мачни преговори, бројни штрајкови и протести од околу две години, се најде решение кое е за поздравување и благодарност до тимот што го водеше овој процес. Се надеваме дека брзо ќе оди процесот и да помине во Собранието. Ова е голем товар што падна, вели Велјаноски, пренесува ТВ 1

Целосниот текст можете да го прочитате тука