- Advertisement -
ЕкономијаСветСветот на работникот

Работниците од Западен Балкан ќе може да одат на работа во Германија

Главниот проблем - Работник
424views

На државјаните на Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Косово и понатаму ќе им биде овозможено да одат на работа во Германија.

Посебната дозвола која овозможува доаѓање на економските мигранти од државите на Западен Балкан во Германија, ќе биде продолжена. Според нацртот на одредбата која е достапна на германската новинска агенција дпа. германското Министерство за труд би требало да ја продолжи тн. Регулатива за Западен Балкан, така да таа ќе важи до 2023 година.

Advertisement

Тоа значи дека на државјаните на Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Косово и понатаму ќе им биде овозможено да, независно од формалните квалификации за добивање на работно место, добијат работно место во Германија, пишува Дојче Веле.

Така, на годишно ниво за доаѓање во Германија е предвиден вкупен контигент од 25,000 луѓе од Западен Балкан.

Advertisement
Advertisement

Луѓето од земјите од Западен Балкан од јануари 2016 година, можат да добијат работна виза и да дојдат во Германија, дури и без да го знаат германскиот јазик и без да имаат професионални квалификации. Предуслов е поднесителот на пријавата да може да покаже договор за работен однос со работодавач во Германија и да постои согласност од Сојузниот германски завод за вработување.

Поднесителот на молбата мора да докаже дека претходно не примал социјална помош во Германија.

Не престанува потребата за работна сила од Балканот

Оваа посебна регулатива е воспоствена поради големиот број на азиланти и би требало да престане да важи до крајот на декември, оваа година.

Според истражувањето на институтот за пазарот на труд и професионално вработување (ИАБ), 58 % од работната сила од Западен Балкан работат во Германија како квалификувани или висококвалификувани работници, односно специјалисти или експерти.

До денес не било јасно дали ќе дојде до планирано продолжување на регулативата за работната сила од Западен Балкан. Причина била двоумењето на, во главно демохристијанските партии ЦДУ и ЦСУ предизвикано од пандемијата на коронавирусот и стравот од зголемување на бројот на невработени во Германија.

Голем број на работници од земјите на Западен Балкан, како што велат од круговите на германската влада, се вработени во градежништвото.

Тука засега „не постои тренд кој би покажал на намалување на потребата за работна сила“.

Фото: Shutterstock

Подготвил: 

Бобан Илијевски

Advertisement