ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникотСиндикат

Работници: Можеме да работиме и во недела, ама платете ни двојна дневница

Левица: Со економските мерки - Работни
53views

И во услови на корона криза, не претсанува општествената дебата околу тоа дали недела треба да биде неработен ден за сите работници, освен за оние во чии дејности не е можно да се прекине работењето или производниот процес.

Откако Владата најави дека го задолжила Министерството за труд и социјала да го подготви законското решение за прогласување на неделата како неработен ден, а порталот Фактор ја отвори темата, пренесувајќи ги ставовите и на синдикатите, и на работодавачите, голем број граѓани реагираале на оваа најава.

Како што е познато, Синдикатот практично ја прослави оваа, за нив своевидна победа, но затоа, пак, дел од приватниот сектор укажа дека земјава не е толку богата за да може да си дозволи во недела да не работат ниту моловите ниту угостителските објекти, бидејќи на тој начин ќе изгуби значаен промет и девизен прилив. Затоа тие препорачуваат неделата да остане да биде работен ден, но дневницата за работење во недела да се плати повеќе за 35 отсто од вообичаената, а потоа во текот на наредната недела за работникот да има еден ден кој задолжително ќе биде слободен.

Повеќе прочитајте на Фактор.мк