НовостиПравдаСвет

Работници од БиХ и Хрват во Австрија краделе од работодавачот, шетета е 100,000 евра

   Време за читање 1 минута

Државјанин на Босна и Херцеговина (28) обвинет е дека во период од речиси една година крадел од својот работодавач за кој работел, тајно изнесувајќи материјали и алат од компанијата, при што на компанијата ѝ нанаел штета во вредност од 100,000 евра, пишува Salzburg24.

Како што пренесуваат австриските медиуми, овој 28 – годишник во периодот од декември 2022 до септември 2023 година, крадел од својот работодавач, а фатен е така што го снимиле надзорните камери.

Од полицијата соопштиле дека тој го признал ова кривично дело.

Станува збор за млад човек кој живеел во еден австриски округ а работел за компанија од Салзбург. Како што се наведува во полицискиот извештај, тој зел разни гипсени плочи, како и разни специјални алатки, како оние за поставување на ѕидови од гипсени плочи.

Тој имал и соучесници. Се наведува дека тројца мажи – двајца од БиХ и еден Хрват, помеѓу 47 и 55 години, соработувале со него и му помагале, пренесува Salzburg24.

Сите четворица мажи се пријавени во јавното обвинителство, пренесува Аваз.

Извор: Vjesti.ba