- Advertisement -
МагазинСветот на работникот

Работничка добила стан на подарок од работодавачот пред да заврши нејзиниот работен век

Работничка добила стан - Работник
10.7Kviews

Дека сеуште постојат работодавачи кои ценат посветен и вреден работник, сведочи речиси неверојатниот пример од Бјелиње, каде градежната компанија, работничката ја испратила во пензија давајќи и стан. 

Иако многу работници денес не можат да се пофалат со добрите услови за работа и надоместоците, Деса Модраковиќ има поинаква приказна. 

Advertisement

„Во градежната компанија Техника инжинеринг работев полни 18 години, а со оглед на тоа дека навршив 40 години работен стаж, стекнав услови за пензија. Вредно работев во оваа компанија, бидејќи тоа е единствениот начин да работам во ваков тим“, вели Деса кој не ни претпоставувала дека нејзиниот работен век ќе заврши со неизмерна среќа. 

Иако и било жал што се разделува од колективот, вели, одлучила дека е време да го заврши својот работен век и да се посвети на некои други работи во животот. 

Advertisement

„Отсекогаш бев адекватно платена и наградувана за својата работа, а ваков поклон не очекував. Колегите ме испратија на последниот работен ден, како што обично е случај во колективите, подарувајќи ми часовник. Меѓутоа, кога работодавачите ми рекоа дека на подарок ми даваат стан, тоа за мене беше огромно изненадување“, вели Модраковиќ која работела на подготовка на документациите за изградба на стамбени згради. 

Не ни сонувала дека во една таква зграда ќе има недвижнини. 

„Станот е во изградба и завршните работи се во тек“, со насмевка вели оваа жена која сега е на „слатки маки“ бидејќи живее во семејна куќа, па трееба да одлучи каде ќе ужива во пензионерските денови. 

Од компанијата „Техника инжинеринг“ која вработува 50 работници, велат дека Деса била стуб на нивната компанија и дека подарокот е мал знак на благодарност за целиот нејзин долгогоддишен труд. 

„Не беше тешко да се донесе таква одлука. Ова е ситница во споредба со тоа колку даде и пружи на нашата компанија. Беше стуб на компанијата, исклучиво добар работиник, одлична колешка, несебично го делеше своето знаење со останатите колеги и ни остана барем на овој начин да и се одолжиме“, истакнала директорката на компанијата Драгана Гајиќ. 

Како што вели, долго размислувале како да ја наградат Деса, а во последните шест месеци донеле одлука да и направат стан во зградата која е во изградба. 

„Деса, сама го дизајнираше станот, за кој рекла дека бил еден од најубавите станови кои досега го имаме“, рекла Гајиќ.

Оваа компанија која постои повеќе од две децении изградила повеќе од 1,000 станови ширум Бјелиње. Велат дека примерот со Деса, нема да биде изолиран. 

Advertisement