ПравдаСветот на работникот

Работничка отпуштена поради што му дала бесплатен ручек на ученик

Работничка отпуштена поради што му дала бесплатен ручек на ученик - Работник
235views

Една компанија понуди повторно да ја вработи работничката во училишната кафетерија во Њухамшир, Велика Британија која беше отпуштена поради што на некој ученик му дала бесплатно јадење. Сепак, работничката не е заинтересирана повеќе за позицијата, пишува Еј-Би-Си.

Бони Комбел рекла дека била отпуштена на 28 март, од страна на компанијата Фреш пикс, поради тоа што сакала му дала бесплатен ручек на ученикот кој немал доволно пари.

Кимбал рекла дека кога видела дека сметката на ученикот немала пари, таа тивко му рекла да му пренесе на неговата мајка дека му требаат пари и му дала ручек. Менаџерот ја прашал кој е бројот на чинијата на ученикот и заминал. Следното утро сметката на ученикот била платена.

„Неговото семејство е добро познато во градот и можам да гарантирам дека ако и се јавев на мајка му, ќе дојдеше веднаш за да ја плати сметката. Но, не сакав да ја прекинувам во работата“, истакна Кимбал за агенцијата АП. „Знаев дека ќе донесат пари следното утро. Сметката ќе беше платена“.