Работодавачите се соочуваат со нов проблем: Се повеќе работници неуморно бараат изговори да не дојдат на работа – Ова се топ 3

Во се поголем број се враќаат во канцелариите, па поради тоа наоѓаат начини како да „фатат кривина“. Имено, работниците ширум светот, а особено во САД на интернет пребаруваат изговори за да не одат на работа, токму во моментите кога нивните шефови ги повикуваат да се вратат на работните места, пишува Biznis Telegraf.rs.

Според анализата на Фанк групацијата, глобална компанија за вработување, вкупниот број на пребарувања на Гугл за убедливи причини за тоа „како да се избегне работата“, пораснал во последните две години, преминувајќи 2 милиони пребарувања во 2022 година. Во 2018, оваа бројка била нешто повеќе од 300,000. Компанијата го анализирала сообраќајот за преку 10 најпопуларни термини за пребарување, вклучувајќи повеќе варијации на „убедливи изговори за изостанување од работа“.

Кои се најдобрите резултати? Се покажало дека болестите, итните случаи во семејството и дома, прегледот кај лекар и проблемите со автомобилите се најчести изговори.

Порастот на вакви пребарувања доаѓа во време кога менаџерите искажуваат грижа поради тивкиот отказ и намалување на продуктивноста, како и зголемувањето на барањата за враќање на работните места. Работници во различни индустрии одбиле да се вратат на полно работно време, особено во големите градови каде треба подолго време да патуваат до и од работа.

Неодамнешната анализа на Банката на федерални резерви во Њујорк покажала дека Американците колективно штедат 60 милиони часа патување секој ден со тоа што работат од дома. Продолжувањето со редовното патување до и назад од канцеларија за многумина значи помалку спиење и слободно време кое им помага да направат баланс во животот.

Истовремено, ова е период каде што компаниите се подготвуваат за економски пад. Многу од нив ги замрзнале и вработувањата.

Посебен предизвик за работодавачите во наредниот период ќе биде да пронајдат рамнотежа помеѓу настојувањето да се зголеми продуктивноста и поддршката на благосостојбата на работниците.

Компаниите ширум светот експериментираат со четиридневна работна недела за да ги решат овие проблеми. Продуктивноста останала стабилна или се подобрила во речиси сите организации во Велика Британија, покажале анкетите. Друго истражување покажало дека вработените добиваат околу еден час време повеќе сон секоја вечер со згуснат распоред, веројатно затоа што времето им е помалку ограничено.

Фото: Shutterstock