- Advertisement -
НовостиПравдаСветСветот на работникот

Работодавачите ќе имаат законско право да ги отпуштат невакцинираните работници во оваа земја

Работодавачите - Работник
1.46Kviews

Владата на Летонија одлучила дека вакцинирањето против Ковид – 19 ќе биде обврзно за вработените во здравството, образованието и социјалните служби. 

Исто така, членовите на Владата се согласиле да и во останатите сектори по 1 октомври, работодавачите можат да ги отпуштат работниците кои не се вакцинирани. 

Оваа одлука ќе стапи во сила откако ќе се усвои во Парламент. 

Вакцинацијата слабо напредува во Летноција, земја која има нешто помалку од два милиони жители и досега само третина од популацијата примила една доза. 

Иако бројот на заразени е во опаѓање веќе со недели, воочено е зголемување на оние кои се заразени со делта сојот на Ковид – 19 кој е опасен затоа што брзо се шири. 

Извор: Bizlife

Фото: Pixbay