ЕкономијаМакедонија

Работодавачи: 14,000 денари е црвената линија за зголемување на минималната плата

Работодавачи: 14,000 денари е црвената линија - Работник
43views

Минималец од 14.000 денари е црвена линија која не смее да се надмине. Но прво да заживее мерката субвенционирање на придонесите, па потоа да се зголеми минималната плата. Ова е ставот на Организацијата на работодавачи ,кои велат дека и со оваа сума, дел  од фирмите ќе имаат проблем, но е далеку поприфатлива отколку ветувањето на премиерот за 15.16.000 денари минималец до 2020 година. Признаваат дека имале притисоци од владата  за покачување на платите,но без субвенционирање на придонесите, зголемувањето не е можно.

Од друга страна сме свесни дека зголемувањето на платите е поради недостигот на работна сила, но дел од фирмите, особено во трудо интензивните дејности се најдоа во една незгодна ситуација, бидејќи немаат моќ, ниските цени што ги добиваат од странство и продуктивноста што  ја имаат,не им дозволува некое драстично зголемување на платите. Ова ќе беше страшна мерка, ако не се воведеше  субвенционирање на придонесите за зголемување на платите, изјави Ангел Димитров, претседател на Организација на работодавачи, пишува Сител.

Целосниот текст прочитајте го тука