ЕкономијаСветСветот на работникот

Работодавач одбил 97 % од пријавените за работното мести – Причината е проста

Работодавач одбил 97 % - Работник
200views
Еден работодавач рабеснил кога во време на економска криза, морал да одбие дури 97 отсто од луѓето кои се пријавиле кај него за работа. Како причина за одбивањето навел дека тие не го прочитале упаството од огласот. 

Рајан Ирвинг од Велика Британија на Линкедин ја споделил својата бесна објава во која ги криткува своите несудени вработени.

Имено, тој ставил оглас за работа во кој понудил годишна плата од 12,000 фунти, во кој од луѓето кои се пријавувале побарал наместо да испратат CV, да одговорат на неколку едноставни прашања. 

Открил дека се пријавиле вкупно 183 лица, а само шестмина од нив внимателно го прочитале огласот и направиле како што е наведено. Сите останати биле автоматски одбиени. 

„Ги молам луѓето кои бараат работа внимателно да го прочитаат огласот. Неодамна објавивме оглас за работа на кој се пријавија 183 луѓе, што не е чудно согледувајќи ја моменталната економска криза. Во огласот потенцијалните вработени ги замоливме да одговорат на некои едноставни прашања наместо да испратат CV. Знаете ли колку луѓето тоа го направиле? Шест“, напиша тој. 

Во продолжение објаснил дека смета дека тоа не е во ред во време кога толку луѓе се невработени. 

„Во моменталната ситуација има голема невработеност и малку прилики за работа, поради тоа ова не е доволно добро. Најверојатно бројни потенцијални работници автоматски се јавуваат на сите огласи, бидејќи не се потрудиле да го прочитаат огласот до крај. Не ми е грижа дали имате четири дипломи или 20 години работното искуство. Ако не можете да следите едноставни упаства, тоа не е баш добар почеток“, навел во огласот кој го пренел Делји Меил. 

Некои луѓе на Линкедин се слогласиле со него, додека други сметале дека претерал. 

„Зошто не би го прочитале огласот до крај? Тооа ми се чини лудо. Ако ве интересира тоа работно место, сигурно сакате да го знаете секој детал за него. Површното читање не покажува ентузијазам“, гласел еден од коментарите. 

„Можеби требало да реагираш на друг начин. Веруваме дека си имал добра намера, но тоа е навистина лицемерно“, заклучиле тие кои не се согласиле со овој работодавач.