Свет

Работодавчите во Република Српска на пракса ги бараат и студентите

Работодавчите во Република Српска - Работник
163views

Откако дуалното образование е воведено во средните училишта во Република Српска, работодавачите велат дека веќе долго време се залагаат практичната настава во компаниите да се воведе и за студентите.

Саша Тривиќ, Потпретседател на Унијата на здруженија на работодавачи на Република Српска, нагласил за „Независне“ дека работодавачите веќе одамна предлагале и се обиделе да направат соработка, за да студентите можат да ја обавуваат праксата во нивните комапнии.

„Не забележавме заинтересираност од страна на факултетите да некој од тие установи ги посетува претпријатијата и бара каде би можеле студентите да ја обавуваат праксата. Би било од големо значење тоа ние да го покренеме. Ова би било од голема корист за студентите, а и за работодавачите, бидејќи би можеле да ги запознаеме своите потенцијални работници“, смета Тривиќ.

Деканот на Електротехничкиот факултет во Бања Лука, Бранко Блањуша смета дека е неопходна студентска пракса за поврзување на студентите и работодавачите, како и за запознавање на студентите со реалното работно опкружување.

Тој додаде дека, студентот има обврска на пракса да помине 150 работни часа, а во текот на праксата се води дневник за стручната пракса кој го следи менторот задолжен за студентот на стручната пракса.