МакедонијаСиндикат

Радио МОФ: НАКС бара од МОН да ги преиспита и поништи нелигитимните одлуки на Интеруниверзитетската конференција

НАКС бара од МОН - Работник
212views

Независниот академски синдикат бара од министерот за образование и наука, Арбер Адеми, итно да ги преиспита и поништи сите акти на Интеруниверзитетската конференција кои го поткопуваат интегритетот и легитимитетот во вршењето високообразовна дејност. Оттаму ја поздравија реакцијата на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), во врска со неправилностите во работењето на Ректорот на УКИМ и Интеруниверзитетската конференција.

Антикорупциската комисија претходно по анонимна пријава го разгледуваше изборот на Интрауниверзитетската конференција на УКИМ и побара од Министерот за образование да ги суспендира сите одлуки донесени од оваа конференција како и да ги поништи одлуките за избор на членови во Националниот совет за високотo образование, одборот за акредитација и одборот за евалуација, пишува Радио МОФ.

Целосниот текст можете да го прочитате тука