Наука

Развивањето на роботите може да им помогне на луѓето

Развивањето на роботите може да им помогне на луѓето - Работник
89views

Предвидувањата дека луѓето ќе бидат поразени или заменети од машини е научна фантастика. Развивањето на роботиката и вештачката интелигенција прави втората закана, односно вештачката интелигенција да биде пореална и побрза. Студијата од економистите од Оксфорд универзитетот во 2013 година предвиде дека речиси половина од работните места во Соединетите Американски држави имаат ризик од автоматизација. Ниско вештите и ниско платените сектори се предвидуваше дека ќе бидат најмногу зафатени од неа, бидејќи од нив потекнува нееднаквоста во општеството.

Вестите оваа недела за соработката на роботите и репортерите нуди визија за позитивна иднина. Роботот – репортер, Радар, работи во тандем со репортерите кои создаваат различни шаблони за него. Радар потоа наоѓа релевантни податоци за речиси 400 локални полиња и го избира точниот шаблон за креирање на поединечни статии. Со извршувањето на интензивните и повторувачките задачи, Радар им помага на репортерите во работењето.

Оваа соработка ги покажува релативните предности и слабости на луѓето и машините. Автоматизирани системи се многу подобри за опасни и повторувачко – интензивни задачи. Луѓето работат добро со апстрактни и креативни задачи. Спојувајќи ги заедно тие можат многу да придонесат. Осигурувањето за тоа луѓето во иднина да ги употребуваат вештините на роботите, наместо да бидат заменети од нив, треба внимателно да се испланира.

Другите индустрии веќе ја имаат синергијата на луѓето и машините. „Коботс“ се роботи лесни за програмирање и се дизајнирани за да работат заедно со луѓето. Тие веќе помогнале во произведувањето од стакла, па се до автомобили. Во овие ситуациите, коботите ја работат „досадната, валканата и опасната работа“. Роботите можат и да ги подобрат човечките вештини, како на пример работење со алатки за време на операција, под внимателна контрола од страна на хирурзите.