ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

Размислување на еден типичен газда: „Не се двоумите да ги споите работата и животот“

   Време за читање 2 минути

Извршниот директор на компанијата Wayfair има порака на крајот на годината за вработените во компанијата: Не двоумете се да работите повеќе и да ги споите работата и животoт.

Победата бара напорна работа. Верувам дека поголемиот дел од нас, со оглед на тоа дека сме амбициозни поединци, пронаоѓаме исполнување кога ќе видиме дека нашите напори се матријализираат во опипливи резултати“,

рекол извршниот директор Нирај Шах во дописот до вработените.

Во него, тој го прославил неодамнешниот успех на компанијата, што било потврдено и од страна на портпаролот на компанијата за CNN.

Подолгото работно време, одговорноста, мешањето на работата и животот, не се работи од кои треба да се бега. Нема многу примери во историјата кои покажуваат дека мрзеливоста е наградена со успех,

рекол директорот.

Шах исто така ги поттикнал вработените да ги гледаат парите на компанијата кои ги трошат како да се нивни и да преговараат за цените. Според најновите податоци, од декември 2022 година, Wayfair имал околу 15,000 вработени.

Дали би ги потрошиле парите на тоа, дали би потрошиле толку пари за одредена работа, дали таа цена ви се чини разумна, и на крај – дали преговарате за цената?, рекол во мејлот до вработените претходно овој месец. До оваа порака прв дошол Business Insider.

Работата на Wayfair скокнала на почетокот на пандемијата поради тоа што купувачите кои биле дома нарачувале мебел и куќни потреби преку интернет.

Но компанијата започнала да стагнира од почетокот на 2022, кога луѓето започнале физички да купуваат.

Во 2022 година објавиле дека работната сила ја намалуваат за 5 %. Меѓутоа, Шах на вработените во својот мејл им рекол дека компанијата повторно е профитабилна.

Заедно можеме да победиме многу побрзо отколку што победуваме сега, ако сите заедно размислуваме во оваа насока,

рекол тој.

Ајде да бидеме агресивни, прагматични, штедливи, агилни, ориентирани на купувачите и паметни,

додал Шах во мејлот.

Николас Блум, професор по економија, коментирајќи го овој случај рекол: „ако Wayfair сака да води бизнис во кој луѓето работат по 80 часа неделно, ќе мора платите да им ги зголеми за 50 %, за да им плати.“

Не гледам дека ова е успешно за типичен вработен,

рекол Блум.

Додал дека пазарот на труд е силен и дека вработените имаат избор.

Извор: Blic Biznis.rs

Фото: Shutterstock

Бобан М. Илијевски

Новинар за работни односи, кариера и човечки ресурси

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *