ЕкономијаМакедонија

Разјаснети мерките со приватните компании, самостојно да направат реорганизација на вработените

369views

Владата му препорачува на приватниот сектор да се придржува до предложените мерки, но не го обврзува на тоа.

Смета дека компаниите треба самостојно да направат реорганизација на своите вработени, оние кои имаат дете до 10-годишна возраст кое посетува градинка или училиште и доколку нивниот партнер е вработен во државна институција во целост треба да продолжат со своите работни обврски, доколку и двајцата родители работат во приватен сектор тогаш треба да им се понуди на вработените можност да ја заменат својата смена со цел другиот родител да пристигне од работа и да ја преземе грижата за детето. Но, во никој случај не се поддржува недоаѓањето на работа и одбивањето да се прифати дадениот предлог од работодавачот на работникот за замена на смена. Работодавачот не сноси кривична одговорност доколку понудил решение на работникот каде што тој ќе може да го згрижи своето дете, но и ќе ја заврши својата работна обврска, објави Канал 5.

Целосниот текст прочитајте го тука