МакедонијаСиндикат

Ралповски на протестот: Наместо нашите работнички права да бидат унапредени, тие се уназадени за еден век

Ралповски на протестот: Наместо нашите работнички права да бидат унапредени, тие се уназадени еден век - Работник
606views

Една ипол година шетаме низ Македонија, со цел да го слушнат нашиот глас и нашиот лелек, но очигледно гласот не стигна до нив, рече Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македнија – КСС, Благоја Ралповски на денешниот протесетен собир пред Владата на РС Македонија.

„Затоа сме денеска тука, од блиску да го слушнат нашиот глас, да видат дека сме тука и дека постоиме. Имав еден концепт да прочитам, но емоциите ми кажуваат друго. Оваа година, на стогодишнината на Меѓународната организација на трудот – еден век. Кога треба да кажеме дека се унапредени и збогатени нашите работнички права, нас не вратија пред еден век, да се бориме за нашите плати и сигурни работни места. Зборуваа за цензура на слободата на  говорот, но ова не е цензура, туку ова е мрак на слободната критична мисла во Македонија. “, истакна Ралповски пред насобраните работници.

Ралповски пред присутните наведе дека нема да бидат сопрени и дека ќе продложат, затоа што се силата на новото време.

„Од овде ќе им порачаме веднаш, сега и одма, да седнат и да ги решат нашите прашања, затоа што ние не ги измисливме, затоа што така кажуваат законите и колективните договори, а тие се тие што ги кршат. Не сакаат да одговараат за нив“, рече тој.

Истакна дека од утре па натака, Конфедераццијата на слободни синдикати ќе биде по судовите и дека сите што го прекршиле законот, сите ќе одговараат.

„Сите ќе одговараат за нашиот социјален статус, затоа што не направија последни во регионот и во Европа. Срамота е да кажеме дека во Албанија, Косово и Србија, просечната плата во јавниот сектор е двесте евра повисока од Македонија. Каде се нашите пари? Го покачивте буџетот една милијарда, но каде се парите а работниците во јавниот сектор? Барате приватниците да исплатат К- 15, каде се К-15 за јавниот сектор?“, рече Ралповски.

Тој порача дека нема да застанат со овој протест и ќе продолжат со многу порадикални, законски синдикални мерки.

Пред присутните се обрати и Претседателот на Пензионерскиот синдикат на Македонија при КСС, Марјан Спасовски кој рече дека во име на Пензионерскиот синдикат на Македонија, тие се тука за да дадат силна поддршка во барањата.

„Вашите барања се и наши барања кои директно се поврзани со нас пензионерите. Сите заедно да се избориме за да се избориме за идна и просперитетна држава Македонија. Пензионерскиот синдикат на Македонија, соочувајќи се со многу проблеми околу неговата регистрација и опстојување, доби голема и искрена поддршка од гранските синдикати на КСС. Затоа сме тука заеднички да истраеме во нашата и вашата борба. Со зголемена пристојна плата си обезбедувате пристоен живот, но со тоа обезбедувате и повисоки основи за пензии, што во овој момент повисоките уплати од ваша страна ќе овозможат редовни исплати на пензиите на сегашните пензионери“, рече Спасовски.

Тој додаде дека тука се заедно за да истраат во нивната заедничка борба за подобро утре на сите работници, за подобро утре на сите сегашни и идни пензионери.