ЕкономијаМакедонија

Распишани огласи во јавната администрација, а има вишок на административци

Распишани огласи во јавната администрација, а има вишок на административци - Работник
278views

Распишани се огласи за вработување на околу 40 лица во министерства, Собранието,  инспекторати.

Имаше објавен оглас за вработување на10 државни службеници во Министерство за труд и социјална политика – Државен инспекторат за труд.  Беа распишани огласи за вработување на 8 државни службеници во Министерство за образование и наука – Биро за развој на образованието, на 3 државни службеници во канцеларијата на претседателот на македонската Влада, на 16 државни службеници во македонското Собрание, на 6 државни службеници во Министерство за здравство – Државен санитарен и здравствен инспекторат.

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски деновиве најави дека сепак ќе има трансфер на административци во приватниот сектор.

Државата ќе ги прекфалификува административците за приватниот сектор или компаниите ќе добиваат субвенции за преземен работник.

Министерот за администрација и информатичко општество Дамјан Манчевски најави дека до крајот на годинава треба да заврши реорганизацијата на државната администрација.

Извор: Фактор