- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Расте бројот на невработени, бизнисот бара итни мерки за спас на работните места

326views

Државната помош итно да продолжи за да нема нов бран отпуштања, апелираат работодавачите, откако вчера Државниот завод за статистика и Агенцијата за вработување објавија загрижувачки бројки за невработеноста во земјава.

Бројката на невработени во јуни рипнала на 27 639 лица во однос на февруари, односно пред појавата на Корона кризата. Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи, смета дека наглиот раст на бројките покажуваат на итност од носење на нови мерки за поддршка на стопанството.

Advertisement

„Факт е дека во услови кога престана мерката која беше од Владата за поддршка на вработеноста, дека фирмите останаа сами на себе и дел од нив кои имаа голем пад на производството и на капацитетите се одлучија во таков момент, да отпуштат дел од работниците./ Ова укажува дека е неопходно итно Владата меѓу првите мерки што ќе ги донесе, во таканаречениот четврт пакет на мерки за поддршка на стопанството, овој пат да биде малку попрецизна.“ вели Ангел Димитров, Организација на работодавачи

Според Димитров, овој пат помошта треба да бидат подобро селектирана. Секоја фирма да добие финансиска инјекција според загубите кои ги има.

Advertisement
Advertisement

„Сите оние мерки кои беа насочени кон одржување на ликвидноста на компаниите околу оние безкаматни кредити, одлободување од придонеси и така натаму, беа добро таргетирани и тие треба да продолжат и понатаму, единствена измена треба да се направи во мерката за поддршка на вработеноста, за да таа стане поправична кон сите компании, за да може сите да конкурираат во зависност од висината на изгубените приходи, таква треба да биде и помошта.“ истакна Ангел Димитров, Организација на работодавачи

Вкупниот број на невработени во земјава изнесува 133 455 лица. Коморите веќе апелираа – ако не се донесе нов пакет мерки, отпуштањето работници ќе земе поголем замав.

Премиерот Заев пред неколку дена, ги повика газдите да не отпуштаат работници оти пари за четврт пакет мерки има, и наскоро ќе биде донесен.

Извор: Канал5 

Advertisement