- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Расте бројот на сиромашни во Македонија

Расте бројот на сиромашни во Македонија - Работник
151views

Корона кризата дополнително осиромаши 12. 000 лица. Од март до јуни уште толку домаќинства се приклучија на групата од 455 илјади граѓани кои живеат на праг на сиромаштија, со помалку од 2 долари дневно. Минималната помош изнесува 4,000 денари за домаќинствата со еден член до максимални 10 000 денари за семејствата со 5 члена, информираат од Министерството за труд. Ако потрае кризата, бројот на сиромашни ќе расте.

Корона кризата ќе ја намали стапката на раст на економијата, што негативно ќе се одрази и врз сиромаштијата, а најпогодени ќе бидат ранливите категории граѓани, посебно многудетните семејства. Се очекува пораст на бројот на сиромашни, со оглед на тоа дека не се отвараат нови капацитети, а трендот на делење откази не застанува, но во кој обем, зависи колку ќе трае кризата, дали ќе се прелее и наредната година, што е поверојатно сценарио, изјави Благица Петрески, Фајнас Тинк.

Advertisement

Од почетокот на кризата до јуни без работа останаа скоро 19,000 лица. Најмногу отпуштања имаше во мај, кога отказ заработија 7,000 луѓе. Според  Хелсиншкиот комитет пак, веднаш по прогласување на пандемијата газдите почнале со отпуштања на вработените. Најмногу повреди на правото од работен однос, имало во март, за над 2,700 работници. Во наредните месеци трендот на делење откази стивнал, но затоа 810 работници во април или добиле намалени или воопшто не добиле плати. Работничките права најмалку се почитувале во текстилната и кожарската индустрија, констатирал Хелсиншки.

Извор: Сител

Advertisement
Advertisement

Advertisement