ПравдаСветот на работникот

Расте бројот на странски работници во Хрватска: Дури 500 Непалци работат на хрватските градилишта

Расте бројот на странски работници - Работник
46views

Поради се поголемиот недостаток на работна сила, домашните, па дури и странските работодавачи во Хрватска се почесто посегаат за странски работници. 

Според последните податоците од јуни оваа година, во Хрватска недостасуваат околу 300,000 работници. Доколку трендот на стареење, но и иселување на жителите се продолжи до 2050 година би можело да недостасуваат и милиони работници. Освен во туризмот, недостатоци се видливи и во градежништвото, па поради тоа повеќе не чуди фактот што на хрватските градилишта и во рестораните има странски работници, особено од далечниот и средниот исток. Имено, во Хрватска само во градежниот сектор работат 24,115 странски работници, од кои 500 се од Непал, наведува Задарски лист.

Еден од работниците е и непалскиот работник, Утам Прасад кој досега работел во многу држави на Арапскиот полуостров, но и во Либија, а ова е прв пат како работи во Европа.

„Веќе шест месеци сме во Хрватска. Најдобро е да се работи во Европа и покрај фактот што овде е поинаку од дома. Задоволни сме со платите, а кога би не прашале каде сме задоволни, велиме дека Непал го сакаме 100 посто, а Задар 99 посто“, низ шега рекол Прасад.

Причината за се поголемото доаѓање на непласките работници во Хрватска се токму подобрите работни услови. Имено, тие кои се во Дубаи или Катар работат по 13 до 14 часа дневно за месечна плата од 201 до 268 евра, а со тоа имаат само еден слободен ден во цел месец. Освен тоа, истакнуваат дека платите во туризмот се нешто подобри, но во градежништвото се под минималецот.