ЕкономијаМакедонија

Раст од 6,1 процент на индустриско производство во септември

Индексот на индустриското - Работник
175views

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во септември 2019 година, во однос на септември 2018 година, изнесува 106.1.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2019 година, во однос на септември 2018 година, бележи опаѓање од 7.4 %, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 4.6 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација бележи пораст од 32.2 %.

Според главните индустриски групи, производството во септември 2019 година во однос на септември 2018 година, бележи пораст кај Енергија за 25.5 %, Капитални производи за 6.4 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 14.7 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7.0 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3.5 %.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари − септември 2019 година, во однос на периодот јануари − септември 2018 година, изнесува 105.6.