- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Рафајловски: Четвртиот пакет помош мора да важи за сите стопански субјекти

Рафајловски: Четвртиот пакет помош - Работник
112views

 Новиот пакет економски мерки треба комплетно да биде насочен кон стопанството, вели бизнисменот Рафајловски. Тој не треба да биде селективен и со него треба да бидат опфатени сите бизниси. Вели дека штетите во стопанството  мора итно да се санираат, затоа што за разлика од другите европски земји, македонската економија неподготвена влегла во оваа Ковид криза.

Според Рафајловски мерката замрзнување на кредитите треба да продолжи и во следниот период, а дополнително да се најдат пари за нови инвестиции и нови бизнис идеји. Неопходна е и помош за извозните фирми кои поради намалените нарачки некои од нив целосно ја стопираа работата.

Advertisement

Според Рафајловски претходните мерки помогнале да се зачува капиталот и да нема многу отпуштања, но не придонеле многу за развојот.

Мандатарот Заев најави дека во следниот период справување со пандемијата и подинамичен економски раст.

Advertisement
Advertisement

Новиот пакет економски мерки ќе биде четтврти по ред. Претходните три, главно содржеа субвенции за исплата на плати за вработените.

Пролонгирање на одредени давачки кон државата, ваучери за одмор и платежни картички за граѓаните.

Извор: Сител

Advertisement