МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

Реакција на Синдикатот на УПОЗ за пролонгирање на најавеното зголемување од пет отсто на администрацијата

Реакција на Синдикатот на УПОЗ за пролонгирање - Работник
220views

Вчера до Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на РМ (УПОЗ), пристигнаа неофицијални информации за пролонгирање на долго најавуваното зголемување на платите на администрацијата од 5 отсто, започнувајќи со септемвриската плата, објави Сител.

Иако на седницата на Владата на РСМ од 08.01.2019 година на која беше донесена Одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметка на плата на државните службеници, во “5 до 12” (денес) известени се сите корисници на буџетот дека најавеното зголемување ќе се пролонгира по донесување на Законот за плати во РСМ.

Иако од Министерот за информатичко општество и администрација по нашата реакција, бевме информирани дека зголемувањето ќе се реализира наскоро по усвојување на ребалансот на Буџетот, сметаме дека ова е неодговорно, истакнале од УПОЗ за Сител.

Но без оглед на се, па дури и во наредната недела да се донесе законската измена, со што ќе се реализира најавеното зголемување, сметаме дека ова е некоректен однос на државата кон вработените и за ова бараме некој од надлежните да сноси одговорност.

Извор: Сител