Ревизија во тетовскиот Центар за јавно здравје: Проблематична исплата на плати, набавки што се косат со закон

Недоследности во исплата на плати, проблематична систематизација на работни позиции, избор на директор без конкурс, сопственички проблем за просторот, отсуство на конкуренција во јавните набавки – ова се серија на забелешки и слабости кои ги открива државниот ревизор во работењето на ЈЗУ Центар за јавно здравје – Тетово кој е значаен бидејќи  располага со  акредитираната лабораторија за Санитарна хемија која опслужува пациенти и е единствена во регионот која се занимава со испитување на исправноста на храна и вода, и спречување на епидемии и зарази, пишува неделната економска анализа на Portalb.mk.

За финансиските извештаи на тетовскиот Центар за јавно здравје ревизијата се воздржува од давање мислење за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и изразува неповолно мислење за усогласеноста со законската регулатива.  Во однос на нацрт-извештајот, ревизорите информираат дека не биле примени забелешки од страна на овластеното лице – раководството, објави Нова ТВ.

Целосниот текст прочитајте го тука