Колумни

Регулаторна сака да испадне херој, но во очите на народот е антогонист

Роднинско - партиските вработувања - Работник
121views

Автор: Бобан Илијевски 

Поскапувањето на струјата сеуште е актуелна тема којашто боде во очите на јавноста. Вчера, првиот човек на Регулаторна комисија за енергетика за Канал 5 телевизија дека регулаторната со последната одлука за поскапување за 7,4% не им обезбедила екстра профит на електро-енергетските компании, туку напротив ги заштитила граѓаните од повисоки сметки.

Ток  рече и дека доколку се прифателе  нивните барања цената за електричната енергија требало да порасне за 25 проценти, изјави првиот човек на РКЕ за Канал 5.

Според него, Регулаторна е херојот во овој случај бидејќи не сакала да ги послуша енергетските компании и со тоа го спасила народот од многу поскапа струја. Еве добро, Регулаторна се спротивставила на барањето на енергетските компании, тоа мора да се признае, но и нивната одлука за поскапување на струјата за 7,4 % не е племенита, ниту солидарна.

Во време кога илјадници работници остануваат без работа поради прекинувањето на работниот процес на некои компании или нивно затворање поради не можноста да ја издржат тежината која им ја стави кризата, се поскапува струјата. Ало Регулаторна послушајте ги луѓето кои протестираат против вашата одлука и оние кои се спротивставија на истата преку социјалните мрежи и медиумите. Сега не е време за поскапување, туку за токму спротивното – намалување на цените на струјата. Со тоа ќе им помогнете на луѓето кои едвај преживуваат поради тоа што останале без работа или примаат минимални плати. Мислите дека народот ќе ви аплаудира на тоа што не сте ги послушале енергетските компании, но сепак сакате да ја зголемите цената на струјата? Не. На Вас се свесни колку и на енергетските компании, бидејќи сега кога е налеано маслото во огнот, вие уште повеќе долевате. Дајте покажете малку солидарност и Вие и оваа техничка Влада. Наместо да се мисли за тоа како да им се помогне на луѓето кои се економски ранливи, вие сеуште истурате сол на раните.

Мислам дека ова што се прави на народот е крајно нехумано и срамно. Видете како живеат луѓето прво, па после донесувате одлуки за поскапувања. За три месеци во Македонија, 15,000 работници останале без работа (бројката може би е зголемена досега), покажа анализата на порталот Фактор која беше објавена во јуни. Фактор тогаш се повика на веб страната на Агенцијата за вработување, каде и беа објавени овие податоци. Сепак, точната бројка не може да се знае, бидејќи има голем број на работници во неформалната економија кој се ранлива категорија поради тоа што нивните работни односи не се регулирани со договор за вработување. Голем прашалник е колку неформални работници ги имаат изгубено своите работни места поради пандемијата од коронавирусот. На овие луѓе, поскапувањето на струјата ќе им зададе дополнителен финансиски товар кој ќе биде претежок за нив и нивните семејства.

Да имавме високи плати и да не беше економско – здравствена криза, поскапувањето ќе беше дискутабилно, но во ова бурно време не би требало да се земе во предвид. На народот му треба помош и истата треба да му се овозможи. Нивните буџети нема да можат да издржат, па ќе поминат во подлабока сиромаштија. А и мислам дека државите членки на Европската унија ви се смеат, бидејќи тие ги намалуваат цените, а ние како држава која има аспирации да биде членка на оваа регионална организација, го правиме спротивното.

За крај, она што нас ни треба во оваа кризна ситуација се опишува само со еден збор- солидарност.

Колумната е дело на авторот и во ниеден случај не ги изразува официјалните ставови на порталот Работник