- Advertisement -
МагазинНаука

Редок небесен настан што не се пропушта. Јупитер и Сатурн ќе изгледаат како двојна планета на 21 декември.

Редок небесен настан што не се пропушта - Работник
552views

Јупитер и Сатурн ќе изгледаат како двојна планета, веднаш по зајдисонцето на 21 декември. „Спојувањето помеѓу овие две планети е прилично ретко, се случува едаш на секои 20 години, меѓутоа овој спој е многу редок, затоа што планетите ќе се појават една над друга и ќе бидат во многу мала оддалеченост, со само петтина од дијаметарот на полната месечина“, изјави Патрик Хартиган, професор по физика и астрономија на Универзитетот Рајс во Хјустон, Тексас.

„Последен пат двете планети се појавија толку близу една до друга во 1623 година – 14 години откако Галилео го создаде својот прв телескоп“, рече Оливер. Сепак, луѓето не беа во можност да  го видат небесното задоволство затоа што беше близу до сонцето.

„Следен пат што ќе имате можност да ги видите Јупитер и Сатурн толку блиску, ќе биде на 15 март 2080 година“, рече Оливер. „Делумно, ние сме толку многу фокусирани на сè што не беше убаво за 2020 година, што забораваме да ги земеме овие моменти кои се многу поголеми“.

Не го пропуштајте оваа фасцинантно небесно задоволство!