ЕкономијаСветСветот на работникот

„Рено“ ќе прекине со работа – 18,000 работници ќе останат дома

„Рено“ ќе прекине со работа - Работник
129views

Францускиот произведувач на автомобили „Рено“ ќе ги затвори своите погони поради корона вирусот.

„Рено“ соопштил вчера дека на неопределно ќе ги затвори производните погони на своите индустриски локации во Франција поради корона вирусот, пренесува Ројтерс.

Во соопштението се наведува дека со прекинот на работата на „Рено“ ќе бидат опфатени 12 локации и 18,000 работници во Франција, пренесува Спутник.