СветСветот на работникотСиндикат

Република Српска: „Созреа времето за поголеми плати во Правосудството“

Република Српска: „Созреа времето - Работник
121views

Претседателот на Синдикатот на правосудството на Република Српска, Синиша Петровиќ вчера изјавил дека „созреало времето“ за зголемување на платите на вработените во таа област, кои не се зголемени 11 години.  

Вели дека во таа област нема вишок на работници и поради тоа мора да се работи на подобрување на нивната материјална положба.

Министерот за правда на РС, Антон Касиповиќ и Претседателот синдикатот на правосудството, Синиша Петровиќ договориле текст на посебниот колективен договор за вработените во таа област.

Касиповиќ истакнал дека техничкиот дел на тој документ ќе биде завршен до 19 август. На тој начин нема да постои правна празнина, бидејќи посебниот колективен договор ќе биде потпишан пред 20 август, кога истекува сегашниот посебен колективен договор.

Петровиќ навел дека синдикатот на правосудството, го потпишал претходниот колективен договор кој за работниците бил добар, а сега одредени одредби се надоградени, како и отфрлени се одредени недоумици.

Петровиќ додал дека ќе бидат зачувани досегашните права на работниците во областа на правосудството, а воведена е и обврската за систематски преглед на вработените, а помеѓу другото на тие коишто ќе одат на терен ќе им бидат платени дневници.

Тој прецизирал дека посебниот колективен договор однесува на 2,521 работник во правосудните институции.

Касиповиќ изразил надеж дека во РС наскоро ќе биде усвоен општ колективен договор.