ЕкономијаМакедонија

Рестораните за свадби ќе добијат финансиска помош, но тие не се задоволни

Нема веќе јадење - Работник
59views

Еден милион евра помош  со ребаласнот на буџетот ќе добијат рестораните  за свадби. Сопствениците на ваквите објекти  велат дека секоја помош е добредојдена,  но оваа сума е мала за да ги санираат штетите од корона кризата. Според нивните проценки за да можат да застанат на нозе за околу 150 ресторани за  свадби потребни се околу 2, 5 милиони евра помош. Пари кои ќе бидат доволни во текот на зимата, да ги покријат трошоците за вода струја, телефон обезбедување, да ги платата камати на кредити, кирии.

Голем дел од нив се двоумат и дали воопшто да аплциираат за мерката субвенции за плати која е дел од четвртиот пакет помош.

Мерката субвенции  за плати на вработените од месец октомври до декември е катастрофална мерка и голем дел нема воопшто да аплциираат бидејќи ги обврзува за исплата на цела плата со придонеси за следните два месеци јануари и февруари, се вели во дописот од угостителите.

Сопственциите на рестораните за свадби се затворени повеќе од половина година, односно со почетокт на пандемијата.

Неколку пати апелираа до  влдата да  донесе протколи за работа за да можат да органзирата свадби, со кои максимално ќе се гарантира заштита на гостите. Според нивините проценки подобро е државата да скрој правилник за да работат, отколку граѓаните на своја рака да орагнзираат прослави во свооите домови како што и се случуваше во изминатиот период, но и сега.

Извор: Сител