СветСветот на работникотСиндикат

Родителите во 7 држави ќе имаат право на платено отсуство

Родителите во 7 држави ќе имаат право на платено отсуство - Работник
162views

Родителите во седум членки на Европската Унија ќе почнат да бенефецираат од новите права на платено отсуство, доколку националните влади правилно ја имплементираат директивата за баланс помеѓу приватниот и работниот живот, покажува новата анализа на Европската Конфедерација на синдикати – ЕТУК.

Татковците во Италија, Хрватска и Словачка се подготуваат да земат платено отсуство пред раѓањето на детето по прв пат под директивата усвоена од страна на Европскиот Совет во јуни, истакнуваат од ЕТУК.

Според нив, легеслативата за која се бореле тие ќе го зголеми дупло периодот на траењето на платеното отсуство во Чешка Република, Холандија, Португалија и Романија.

„Но, кога овие права ќе стапат на сила и колку пари ќе добиваат зависи од националните влади“, велат од ЕТУК

Заменикот Генерален Секретар на ЕТУК, Естер Линч рече дека владите нема да имаат оправдување да трошат време за имплементирање на овие права.

„Националните Влади нема да имаат оправдување за трошењето на време за имплементација на новите права за родителите и треба да одат преку минималните нивоа кои се одредени од директивата и да осигураат дека овие права нема да постојат само на хартија. Балансот помеѓу приватниот и работниот живот ќе биде добар за семејствата и добар за економијата“, рече Линч.

Новата директива посочува дека на татковците треба да им се дозволи да земат најмалку 10 работни дена платено отсуство, односно онолку колку што е платеното боледување. Но, само половина од ЕУ членките нудат платено боледување коешто е еквавилетно на две третини од нормалната плата.

Доколку платеното отсуство на татковците е на минимално ниво, доказите покажуваат дека татковците нема да можат потполно да го искористат ова право.

Извор: ЕТУК