ПравдаСвет

Родителите имаат рок да одлучат за он лајн или класична настава, а не знаат ништо за двата модели

48views

Бараат од родителите изјава дали се за физичко присуство на учениците во училница или онлајн настава, иако нема официјален допис како практично ќе функционираат двата модели. Дел од училиштата веќе испратиле анкети во семејствата каде има ученици од прво до трето одделение и согласно нивниот одговор ќе го организираат воспитно образовниот процес.

Мајки и татковци се во дилема и голема неизвеснот која опција да ја изберат. Ако детето им следи настава од училиште пред да одлучат бараат да знаат како ќе функционира наставата, колку ученици ќе има во училница, дали на почеток часовите ќе бидат на отворено и обратно..како би изгледало учењето од дома за ученици од 6 и 7 години, како ќе учат и ќе може ли наставникот да го задржи нивното внимание пред комјутер.

Од Министерството за образование и наука, иако се обидовме денеска не добивме став до кога треба да донесат одлука родителите и што после тоа. Она што е сигурно е дека учебната година ќе биде пролонгирана, а епидемиологот Александар Стојанов од Комисијата за заразни болести вели дека барале најсигурно решение што ќе ги задовли и образовниот процес но и здравствениот.

– Секако, најбезбедно е да седат дома, он лајн. Но нема да седат затворени 24 часа. Пак ќе излегуваат, ќе се дружат. Школска година реба да има, како инаку прваче ќе види што е училиште, како тоа и може да учи он лајн. Затоа има протоколи кои мора да се почитуваат, а ризик секако постои, вели Стојанов.

Часовите да траат 30 минути, учениците да бидат поделени во групи, да одат во смени и да има 10 мин разлика за да не се среќаваат прва со втора смена, мерење на температура на влез се генералните препораки за настава со физичко присуство. Но поединечно, како ќе функционираат училиштата, колку капациетет и кадар имаат засега не се знае.

Извор: Сител