Правда

Родители и деца заедно на протест против можното отворање на рудникот Иловица

Родители и деца заедно на протест - Работник
263views

Струмичани не го сакаат рудникот Иловица. Пораката вчераја испратија со протест пред владата.

Ископот на бакар и злато ги плаши и младите.

Министерството за економија неодамна одби Еуромакс да добие концесија па фирмата води судски спор.. Струмичани се плашат дека рудникот сепак може да добие дозвола за работа..

Од Еуромакс потврдуваат дека во Скопје водат правна битка за како што велат решение за ситуацијата.. Објаснуваат дека рудникот нема да загадува и ќе отвори илјадници работни места..

„Ниту еден научник или инженер не смета дека има безбедносни проблеми со рудникот. Тој нема да влијае врз приносите и  органското производство“, велат од Еуромакс.

Премиерот и поранешен градоначалник на Струмица, уверува дека компанијата не може да  добие концесија оти не ги исполнува условите..

Жителите пак се заканија со нови протести ако владата го одолговлекува процесот за одземање на концесијата за Иловица – Штука.

Извор: Сител