СветСветот на работникотСиндикат

Рударите во БиХ се закануваат со штрајк ако не им се зголемат платите

Рударите во БиХ - Работник
96views

Министерот за енергија на Федерацијата БиХ ,Нермин Џиндиќ рекол дека рударите на крајот од јануари ќе стапат во штрајк, доколку не им се зголемат платите.

Џиндиќ вчера разговарал со претставниците на синдикатот на рударите на Федерацијата БиХ кои му рекле дека од „Електропривреде БиХ“ побарале зголемување на платите.

„Имавме состанок, ќе одржиме уште еден и следната недела. Рударите и понатаму се закануваат со штрајк, но пред Електропривреде БиХ, бидејќи сметаат дека оваа компанија и директорот се одговорни за исполнување на нивните услови“, рекол Џиндиќ, пренесува Дневни аваз.

Зборувајќи за одлуката на Гаспром на „Енергоинвест“ и БиХ им понуди договор за снабдување со гас само на половина година, Џиндиќ навел дека Русија и останатите држави им го понудиле истото и дека нема причина за грижа.