ПравдаСветот на работникот

Рударите од косовскиот рудник „Трепча“ се во штрајк

Рударите од косовскиот рудник „Трепча“ се во штрајк - Работник
170views

Рударите на Металуршкиот комбинат Трепча во Митровица денеска влегле во штрајк, пренесуваат приштинските медиуми и наведуваат дека повод за штрајкот е неиплатената октомвриска плата и лошите услови за работа.

Ова за Радио Слободна Европа го изјавил Гани Османи од синдикатот на работниците на ова претпријатие.

„Рударите штрајкуваат. Постојат три главни точки или барања на рударите. Платите треба да им бидат исплатени до 11 ноември, а ние уште не примивме плата, храната е многу лоша, а рударите не добија ни работни ракавици и чевли“, рекол Османи.

Според него, штрајкот ќе трае се додека не се исполнат барањата на рударите.

Рударите во Трепча велат дека компанијата е во тешка финансиска ситуација поради лошото управување.

Трепча е Акционерско друштво во кое 80 проценти од акциите се во сопственост на Владата на Косово, додека 20 проценти се во сопственост на вработените во претпријатието и била меѓу најголемите компании во поранешна Југославија.