МагазинНаука

Русите тврдат дека Венера е нивна

Русите тврдат дека Венера е нивна - Работник
407views

Шефот на Руската агенција за вселенски истражувања, Дмитриј Рогозин, откри планови дека „Роскосмос“ ќе испрати мисии со цел истражување на Венера, тврдејќи дека станува збор за руска планета.

Покрај „Венус-Д“, заедничка мисија со САД, Рогозин рече дека Русија ќе испрати своја мисија во Венера, по веста дека на таа планета е пронајден фас фосфин, што научниците го поврзуваат со присуството на живот.
Рогозин најави дека за новинарите на „Хели Русија 2020“, меѓународната изложба на хеликоптери во Москва.

„Продолжувањето на истражувањето на Венера е наш приоритет“, рече тој пред новинарите.

„Ние ја сметаме Венера за руска планета, затоа не треба да заостануваме. Мисиите во Венера се вклучени во државните истражувачки програми од 2021 до 2030 година “, посочи Рогозин.

Венера е најблиската планета до Земјата, а откривањето на фосфин гас во нејзината атмосфера предизвика интерес за подетални истражувања.