СветСиндикат

Руските синдикати предлагаат четиридневна работна недела, со задржување на истата плата

Руските синдикати предлагаат - Работник
76views

Сојузот на независни синдикати на Русија на Министерството за труд му предложил преминување на четиридневна работна недела, но со задржување на постоечките плати, пренесоа денеска руските медиуми.

Синдикатот предупредува дека работодавачите веќе го прераспределуваат работното време на тој начин, но не поради добри намери, туку поради финансиски потешкотии, што доведува до значајно намалување на платите на работниците.

Синдикатите ја поддржувата скратената работна недела, но само како средство за оптимизација на времето на работа и одмор и со обврзно зачувување на постоечките плати.

„Предлагаме ова прашање да се разгледа на трипартитната комисија за регулација на социјалните и економските односи, земајќи ги во предвид постоечките системи за наградување на работата, разликата во работното време и други значајни органзации на работата во Русија“, велат синдикалаците.

Во јуни рускиот Премиер Димитриј Медведев дозволил преоѓање на четиридневна работна недела. Според неговите зборови, технолошкиот напредок води кон скратување на работното време и продолжување на слободното време.

Како пример ја навел компанијата од Нов Зеланд која на своите вработени им плаќала три слободни денови неделно. Според Медведев, работниците ќе почнат да работат 20 проценти подобри, а и ќе бидат помалку загрижени.