- Advertisement -
Македонија

Сабота, 14 декември ќе биде работен ден за вработените во дел од државните институции

Сабота, 14 декември ќе биде работен ден - Работник
908views

Владата на Република Северна Македонија  на својата 167 седница донесе одлука 14 декември, сабота, да биде работен ден за вработените во државните институции. Согласно одлуката, на 14 декември ќе се одработува  за 2 јануари 2019 година, којшто беше прогласен за неработен ден за вработените во државните институции.

Овој заклучок не се однесува за вработените во здравствените и образовните институции. Заклучокот се препорачува да го спроведат и единиците на локалните самоуправи, јавните претпријатија и другите правни лица основани од единиците на локалната самоуправа, за кои 2 јануари беше неработен ден.

Advertisement

Според одлуката на Владата во сабота на 14 декември од страна на јавниот сектор ќе се спроведе акција за чистење на животната средина „Администрацијата чисти со Не биди ѓубре“ со цел подигање на свеста за почиста околина. За распоредот и локациите за спроведување на акцијата вработените во јавниот сектор дополнително ќе бидат известени од страна на раководните лица на институциите.
Извор: Влада на РМ

Advertisement

Advertisement
Advertisement