МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

САДУ го поддржува барањето на УПОЗ за потпишување на нов колективен договор во ФЗОМ

САДУ го поддржува барањето - Работник
146views

Синдикалната организација на Фондот за здравствено осигурување при Синдикатот за администрација и државна управа на Македонија – САДУ реагира на новонастанатата ситуација во Фондот за здравствено осигурување, пишуваат од САДУ во соопштението.

„Ние како репрезентативен синдикат во институцијата ги подржуваме барањата на синдикатот на УПОЗ за поголеми плати и потпишување на нов колективен договор“, истакнаа од САДУ

Според нив, САДУ секогаш се залага за поголеми плати на вработените во јавниот сектор и бара поодлучнa и порадикална акција за остварување на правата на вработените во јавниот сектор, пред се, уставно загарантираното право – правото на заработувачка.

„Ние нема да застанеме на бесконечни и бесцелни преговори туку напротив ќе преземеме радикални мерки, не исклучувајќи го и штрајкот. Го повикуваме синдикатот на УПОЗ и сите вработени во ФЗО да истраеме заеднички во борбата за пристојна плата и пристојни работнички права“, наведооа во соопштението.

Бидејќи вработените во ФЗОМ не земаа плата навремено, а исто така платата не беше навремено исплатена и во други институции, тие се надеваат дека во оваа ситуација нема скриена позадина, бидејќи Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, изјави дека доколку институциите не се ажурираат во Информациониот систем за пополнување со човечки ресурси, нема да земаат плата, за чие пополнување има еден или ниту еден извршител во рамките на институциите.