МакедонијаСиндикат

САДУ: Нашите предлози беа прифатени од Министерот Манчевски

САДУ: Нашите предлози беа прифатени - Работник
118views

Денес во просториите на Министерството за информатичко општество  и администрација, Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија одржа состанок со министерот Дамјан Манчевски, пишува на веб страната на САДУ.

Истакнаа дека на состанокот биле отворени прашања на кои во изминатиот период синдикатот жестоко реагирирал и дал доволно аргументи за тоа дека реформите во јавната администрација не одат во добра насока.

„Стана збор за одредени колективни договори како колективниот договор за правосудството, колективниот договор за вработените во јавниот сектор, трансферот на вработени од јавен во приватен сектор, непочитувањето на правата на синдикалниот претставник итн..“, наведоа од САДУ

Од САДУ потенцираа дека предлозите кои биле дадени, а се однесуваат на колективните договори биле прифатени од страна на Министерот и тој најавил дека во иднина ќе бидат консултирани и активно вклучени во изработката на истите.

Според САДУ, на состанокот подетално се разговарало и за реформите во јавната администрација, пред се за трансферот на вработени од јавен во приватен сектор.

„За овој предлог ние како синдикат во изминатиот период искажавме голем отпор и дадовме низа аргументи и предлози како што е замрзнување на вработувањата во јавниот сектор, предвременото пензионирање и преквалификација на вработените во јавниот сектор. За овие предлози би се направил ист трошок како за стимулацијата на приватниот сектор за да прифатат вработени од јавниот сектор што би се направила во спротивно, односно истите пари би биле доволни за реорганизација на јавната администрација“, обаснија од САДУ.

Истакна дека на нивно задоволство нивните предлози со силни аргументи биле прифатени од страна на министерот и ќе бидат предмет на дискусија и јавна дебата. Се дискутирало и за функционалната анализа во јавниот сектор и било договорено дека нема да се врши без вклученост на синдикатите што им дава фер и транспарентна постапка.

На состанокот биле изнесени и предлози на САДУ за Законот за висока служба со низа предлози кои може да се применат, а кои функционираат во голем број Европски земји за кои министерот се согласи да се разгледаат, а подоцна и да се преговараат.

На состанокот исто така бил изразен и револт за се она што се случувало по последниот одржан состанок во министерството, за начинот на кој некои директори се пресметуваат со нивниот синдикат, за бројните откази и попречување на работата на синдикатните претставници.

„Од наша страна беше искажана голема загриженост за сите реперкусии од страна на претпоставени во одредени институции со кои се соочуваат нашите претставници на што министерот вети дека лично ќе  ги провери настанатите последици и ќе преземе мерки“, истакнаа од САДУ.

Наведоа дека САДУ во изминатиот период, без разлика на преговарачите од другата страна, покажа дека стои позади своите членови и работниците во јавниот сектор и дека чесно и искрено ги штити правата на работниците. Секако и во иднина  нема да се откаже од правдата, унапредување на своите стекнати права во јавниот сектор со цел квалитетни реформи кои ќе придонесат за општиот благодет на секој граѓанин во нашата држава.

Додадоа дека на крајот на средбата  било договорено дека овие конструктивни преговори ќе продолжат континуирано да се практикуваат на пократок временски период.