
Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија- САДУ кој е во склоп на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија дава целосна поддршка за најавениот штрајк на Синдикатот за образование, наука и култура- СОНК и ги охрабрува просветните работници да истраат во својата синдикална борба за подобрување на на нивниот социо-економски статус, соопштија од САДУ.
Во соопштението тие истакнаа дека САДУ ги охрабрува нивните браќа и сестри кои долг период ја водат оваа битка за подобрување на нивниот животен стандард, да ги искористат сите демократски и синдикални средства, а воедно САДУ на располагање ја нуди и целата своја логистика и ресурси во насока на враќање на достоинството на просветниот работник.
САДУ во изминатиот период многу пати реагираше за ниските плати во јавниот сектор и своите барања ги истакна на низата протести во рамките на КСС, наведоа од САДУ во соопштението.
„Затоа браќа и сестри , членови на СОНК, Ве охрабруваме да издржите во борбата за остварување на Вашите легитимни барања и искрено се надеваме дека надлежните конечно ќе го слушнат работничкиот глас“, порачаа од САДУ.