Синдикат

САДУ со свој претставник учествуваше на тренинг за млади лидери

297views

Синдикатот на администрацијата и државната управа со свој претставник учествуваше на Европскиот тренинг за млади лидери кој се одржа од 18 до 22 февруари во главниот град на Европска Унија, Брисел.

Тренинг курсот беше наменет за млади до 35 години кои се дел од синидкалните движења во Европа. Учесниците беа обучувани од специјализирани тутори кои користеа различни и современи методи на работа. Учесниците имаа прилика да ги слушнат предавањата и мислењата експерти од Европскиот институт за синдикати, но и претставници на Европската конфедерација на синдикати од јавниот сервис (EPSU) како и од унијата IndustriAll. Со нив разменија мислења, поставија прашања и отворија дебата на која имаа можност да ги изнесат своите ставови во врска со дигитализацијата, глобализацијата, атипичните форми на работни места(работни места, кои се различни од стандардните), и останати проблеми и предизвици со кои се соочува синдикалното движење во Европа. Учесниците ги посетија најважните Европски институции – Европската комисија и Европскиот парламент и се запознаа со нивната работа и дејстување.

Учесниците преку групна работа ќе работат на различни теми и проблематики кои ќе ги преточат во публикации што ќе биде крајниот производ на овој тренинг курс.

Имени, тренинг курсот е распределен во три дела. Првиот се одржа во Мадрид, вториот во Брисел, а третиот ќе се одржи во Загреб од 11 до 15 јуни оваа година.