Светот на работникот

САД: Амазон останува опкружен од протестите на незадоволните работници

САД: Амазон - Работник - Работник
176views

Амазон продолжува да биде опкружен со незадоволството на работниците во Минеаполис, САД.

Група на вработени во Амазон, вчера протестираа пред магацинот во Минесота. Овој протест беше со цел да се зголеми свеста за работните услови и недостатокот на паркинг, што резултираше со одземање на автомобилите на вработените, велат од Авуд Центарот, локална организација за застапување.

Авуд подоцна реле дека Амазон се согласил да ги исполни барањата на работниците, откако тие протестирале два часа. Компанијата се согласила да им исплати на вработените за одземените автомобили, да овозможи поголем паркинг и да го почитува претстојниот муслимански празник.

Овој протест се случи само на неполн месец од претходниот кој беше за време на Прајм Деј или денот на распродажба, кога работниците побараа побезбедни работни услови и поодржлив начин на работа. Овој пат Минеаполис беше центарот на работничкиот активизам, помогнат од Авуд, локална група која помага да се организираат протести. Други протести во на оваа територија се одржаа во декември и март.

Амазон често целеше кон 15 долари на час минимална плата, програмите за обука и бенефиции за да им помогне на работниците. Од таму рекле дека ќе овозможат и побезбедни услови за работа.

„Ние работевме со цел да го унапредиме магацинот, да овозможиме паркинг за нашите работници. Ние сме посветени на тоа да ги сослушаме нашите тимови и ќе продолжиме да ги подобруваме условите“, рече вчера портпаролот на Амазон.

Протестите на вработените во Амазон се ретки во САД, каде што тие не се синдикализирани. Работничките протести најмногу се застапени во Европа каде работниците се повеќе заштитени и вработените во магацините на Амазон протестираат за време на најголемите продажни настани, како Блек Фрајдеј.