ЕкономијаСветСветот на работникот

САД: Бројот на невработени млади луѓе е сличен со бројот на заразени од Ковид – 19

САД: Бројот на невработени - Работник
47views

Младите во САД и понатаму е едни од најпогодените од еконмскиот пад кој го предизвикала пандемијата од Ковид – 19. 

Според еден нов извештај, бројот на невработени млади луѓе е еднаков на бројот на заразени од коронавирусот во САД. 

Списанието Вол Стрит Џурнал известува дека 4,8 милиони млади ги изгубиле работните места поради пандемијата, пренесува Си – Ен – Ен. 

Повеќе од пет милиони Американци се позитивни ка ковид – 19, што е повеќе од четвртина од сите случаи на светот. 

Помала е веројатноста дека младите имаат заштедени пари и поверојатно е дека ќе ги изгубат работните места поради пандемијата, велат експертите.