СветСветот на работникотСиндикат

САД: Вработените во Џенерал Моторс добија одличен договор, сега одлуката е на нив

САД: Вработените во Џенерал Моторс - Работник
163views

Вработените во Џенерал Моторос во Детроит, САД после 31 ден штрајкување успеаја да дојдат до договор со раководството.

Детали за четиригодишниот договор сеуште не се објавени, но најновата понуда на ЏМ се состои од зголемување на платите, придонесите, здравствено осигурување со помалку трошоци за работниците, ветувања за нови производи во фабриките во САД и обезбедување на работа на полно работно време на привремените работници.

Ова е сосема различно од замислата на ЏМ која беше да ги намали трошоците за плати во неговите фабрики кои сега изнесуваат 13 долари на час повеќе од странските произведувачи на автомобили во САД.

Тери Дитес, главниот преговарач на Обединетите Авто работници, синдикатот на вработените во ЏМ рекол дека договорот нуди „големи придобивки“ за 49,000 вработени кои од 16 септември штрајкуваа. Тие ќе останат дома уште неколку дена, додека синдикалниот комитет одлучи дали ќе го прифати договорот. Потоа се е во рацете на работниците. Тие ќе треба да одлучат дали ќе го прифатат.