ПравдаСветот на работникот

САД: Донесен закон за казнување на просветните работници кои ќе штрајкуваат

САД: Донесен закон за казнување на просветните работници кои ќе штрајкуваат - Работник
212views

Сенатот на Западна Вирџинија, САД, минатата недела, ја одобри легислативата со која ќе биде легално да се отпуштат или да замрзнат платите на просветните работници кои ќе штракјуваат – чекор кој критичарите го сметаат за одмазда поради штракувањето на просветните работнивци во две сојузни држави, пренесува Governing.com.

Донесен без поддршка на демократите, Актот на успешност на учениците овозможува и поткритие на училиштата каде што претходно имало штрајкови, а и им забранува на директорите да ги затвораат училиштата за време на штрајови. Училиштата во Западна Вирџинија биле затворени повеќе од една недела, мината година поради деветдневниот штрајк кој бил еден од многуте на просветните работници ширум државата.

„Ова е огромна казнена мерка од страна на Републиканците во Сенатот. Тие се бесни на нас поради тоа што ја запревме нивната агенда во последните две години“, рече Претседателот на Асоцијацијата за образование на Западна Вирџинија, Дал Ли. „На овој начин тие се одмаздуваат на просветните работници.

Законите кои ќе ги казнат просветните работници поради протестирање беа воведени оваа година и во Аризона и Оклахома – каде што неодамна имаше штрајкови и протести. Некој предложи да се казнат просветните работници со по 5,000 долари; други сметаат дека овој закон треба да се отповика. Досега ниеден приговор не помина на легислативните сесии.