Светот на работникот

САД: Конгрес жена работи како шанкерка за да ја крене свеста за угостителските работници

Конгрес жена работи како шанкерка за да ја крене свеста за угостителските работници - Работник
287views

Конгресвоман (Претставничка во Конгресот на Соединетите Американски Држави), Александра Оцасио Кортез се врати на едночасовната работа како шанкерка за да ја крене свеста за зголемувањето на платите на работниците кои работат на дневница.

Додека земала нарачки, зад шанкот во ресторан во Џексон Хајт, Квинс, се случило нешто неочекувано. Една жена и подала картичка, во знак на благодарност за нејзината поддршка на Муслиманското општество и на претставничката Илхан Омар, конгресвоман од Минесота. Неколку луѓе побарале да се фотографираат со неа. Од никаде дошле камери, кои биле спречени од тимот на Оцазио Кортез да влезат во ресторанот.

Алекснадра Оцасио Кортез е најмладата претставничка во Конгресот која има 29 години, но е една од најпрепознатливите политичари во државата. Пред да биде член на Конгресот таа работела како шанкерка во ресторан. Поради маката што ја видела додека ја работела таа работа, Кортез настојува да ја крене свеста за да се зголемат дневниците на работниците во угостителскиот сектор.