ПравдаСветот на работникот

САД: Нов закон за заштита на куќните работници како дел од предизборна програма

САД: Нов закон за заштита на куќните работници - Работник
260views

Сенаторката Камала Харис која е во трката за Претседател на САД сака подобра безбедност на работните места за куќните работници кои често работат за затворени врати и се соочуваат со злоупотреба и експлоатација.

Во понеделеникот, Харис и конгресжената Прамила Џаипал го претставија Законскиот Акт за правата на куќните работници кој планираат да го претстават во Сенатот и Конгресот.

Легислативата ќе овозможи заштита на повеќе од 2 милиони куќни работници на федерално ниво, ширум САД, вклучувајќи ги дадилките, хигиеничарите и куќните механичари. Куќните работници, историски се исклучени од основната трудова заштита на федералните и државните закони. Без таква заштита, многу работници се принудени да ги толерираат ниските плати и вознемирувањето.

Креаторите на закони овој закон го нарекоа „првиот“ закон на национално ниво кој овомзожува „конкретна заштита за целиот сектор“, според соопштенито.

„Куќните работници овозможуваат есецијална грижа и поддршка на постарите родители, луѓето со инвалидност, децата и домовите“ рече Харис. „Како и да е, нашите куќни работници немаат исти права како и останатите работници. Време е да се смени тоа“, додаде таа. Таа потенцираше дека најголемиот дел на куќните работници се жени и расни луѓе.

Според националната студија од 2012 година, повеќе од 90 проценти од куќните работници во САД се жени. Повеќе од половина од нив се расни жени, а 46 проценти се емигранти. Анкетата којашто опфати 2,000 дадилки во 14 градови, откри дека повеќе од една третина рекле дека работеле долги часови, без да можат да искористат пауза. Повеќе од 90 проценти од анкетираните куќни помошници рекле дека не се пожалиле за проблемите со нивните работни услови бидејќи се плашеле да не ги изгубат своите работни места.