Светот на работникот

САД: Прв штрајк уште од седумдесетите: Патници заробени на пристаништата

САД: Прв штрајк уште од седумдесетите - Работник
263views

Џуно -Штрајкот на работниците во траектите на Алјаска кој е прв после 40 години, оставил голем број на луѓе на пристаништата кои се заробени на нив во шпицот на туристичката и риболовната сезона.

Членовите на бродскиот синдикат во средата стапиле во штрајк поради тоа што не постигнале договор со државата за условите на договорот за работа. Од таа причина, поморскиот сообраќај на траектите на Алјаска е блокиран. Комесарот за сообраќај, Џон Мекинон рекол дека одделението ги откажало резеравациите за 3,000 туристи и извршило рефундација на повеќе од милиони долари.

Околу 225 патници и 90 возила останале во пристаништата кои не се нивнa крајна дестинација, додал тој. Траектите се важно превозно средство за многу мали заедници на Алајска, чија села не се поврзани со копнен сообраќај на Алајска.

Претходниот штрајк на работниците на траектите бил во 1977 година и траел 20 дена, пренесува АП.

Претставниците од државата ги повикале штрајкувачите да се состанат со нив и со еден федерален посредник и ги предупредиле дека од 1 август сами ќе го плаќаат здравственото осигурување.

Демократскиот сенатор од Алјаска, Џеси Кил рекол дека траектите се клучна инфарстуктура и дека е важно двете страни да ги продолжат разговорите за да најдат решение.