Светот на работникот

САД: Протестот на рударите во Кентаки влезе во третата недела

САД: Протестот на рударите - Работник
184views

Рударите на јаглен во Кентаки, САД продолжуваат со протестите против нивниот поранешен работодавач со блокирање на пругите низ кои поминуваат возовите кои пренесуваат јаглен, барајќи да им ги иплати заостанатите плати.

Протестот кој започна на 29 јули во Камберленд, Кентаки настана поради отпуштањето на работниците од страна на нивниот поранешен работодавач, Блакџуел ЛЛЦ кој на 1 јули прогласи банкрот.

„Целосниот рударски комплекс во САД беше погоден од овие настани. Голем број на компании прогласија банкрот во последните 5 години. Целосната индустрија поминува низ период на финансисиски стрес и реорганизација“, се наведува во документот.

Протестот започна со околу 20 рудари кои беа сместени на пругите речиси 50 часа – често сами. Џеф Вилинг, еден од рударите кои го започнале протестот рекол за Тајм. Бројот на рудари кои протестираат порасна и тие постјано се менуваат на 8 до 12 часа, зависно од смените, не оставајќи пругите да бидат празни. Членовите на локалното население им дадода поддршка, поставувајќи надворешна кујна, овозожувајќи прва помош, вода и мраз на демонстрантите. Конгресменот Адам Бовлинг кој е одговорен за тој дистрикт им се приклучи на демонстрантите, пренесе The Associated Press.