СветСветот на работникотСиндикат

Сакаат поголеми плати: Штрајкот на 15,000 работници ќе трае три недели

Сакаат поголеми плати - Работник
134views

Околу 9,000 работници во финските фабрики за хратија вчера го започнаа тринеделниот штрајк по прекинот на разговорите за платите, се наведува во нивното соопштение.

На нив во штрајкот им се приклучиле и 6,000 работници од пиланите, фабриките за шпертплочи и останатите шумски фабрики, со што вкупниот број на работници во штрајк се зголемил на 15,000, пренел Ројтерс.

Како што се наведува, работниците ветиле дека на штрајкот ќе одговорат со прекин на работата во десетици фабрики од 10 февруари, освен ако дотогаш не се постигне договор, што додатно може да ја парализира финската шумска индустрија, што на таа земја и е главен извор на приходи од извоз.

Штрајковите и прекинот на работата ќе бидат запрени доколку се постигне соодветен договор помеѓу страните во текот на преговорите, соопштил синдикатот Паперлито и додал дека наредната рунда на преговори ќе биде закажана за во вторник.

Додека синдикатите бараат поголеми плати и помалку работни часови, работодавачите кои ги претставува Федерацијата на финската шумарска индустрија, смета дека работната сила е премногу платена во однос Шведска и Германија.